ПРВИ СНИМКИ: Луѓето панично бегаат, над 50 лица загинаа во разорниот земјотрес кој го погоди Тибет (ВИДЕО)

ПРВИ СНИМКИ: Луѓето панично бегаат, над 50 лица загинаа во разорниот земјотрес кој го погоди Тибет (ВИДЕО)

news
Advertisement

Advertisement

Нова снимка од силниот земјотрес што утрово се случи на Тибет се појави на социјалните мрежи. dobivaj vesti na viber На видеото се гледа како сообраќајот нормално се одвива, додека да удри земјотресот, чијашто јачина се проценува на 7,1 степен според Рихтеровата скала. Загинаа најмалку 53 лица, 60 се повредени, а во моментов во тек се спасувачки операции.

Земјотресот во 9:05 часот по локално време (01:05 по Гринич) бил на длабочина од 10 километри, соопшти Центарот за земјотреси во Кина. Шигатсе е седиште на Панчен Лама, една од најважните фигури на тибетскиот будизам, чиј духовен авторитет е веднаш по Далај Лама. Шест села се на оддалеченост од 5 километри од епицентарот, соопшти кинеската државна CCTV, без да даде дополнителни детали. Селата во Тингри пријавија силно тресење на земјата, проследено со десетици последователни потреси со јачина до 4,4 степени. На 20 километри од епицентарот има три града и 27 села. Таму живеат вкупно околу 6.900 жители, објави Ксинхуа. Земјотресите се почувствувани и во главниот град на Непал, Катманду, на околу 400 километри. Таму преплашените жители во моментот на земјотресот избегале од своите куќи на улица.

Advertisement