Првото бебе во 2024 година е машко

news
Advertisement

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00. 00 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3.

Advertisement

760 грама, долго е 52 сантиметар и е родено со Апгар 10/10. Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, породувањето беше извршено по природен пат.

Дежурната екипа на ГАК на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.

– На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство, се вели во соопштението. Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.