Превртена цистерна со плин, возачот се здобил со лесни повреди

news
Advertisement

Сообраќајната несреќа, додаваат од ЦУК, се случила утрово во 09:30 часот по што веднаш биле известени во Територијалната противпожарна единица Битола. На местото биле испратени четири пожарникари со едно противпожарно возило

Advertisement

Цистерна со плин е превртена на патот во близина на битолското село Вашарејца, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Возачот на цистерната, се здобил со лесни повреди и од страна на Итната медицинска помош е пренесен во битолската клиничка болница.

Сообраќајната несреќа, додаваат од ЦУК, се случила утрово во 09:30 часот по што веднаш биле известени во Територијалната противпожарна единица Битола. На местото биле испратени четири пожарникари со едно противпожарно возило.

Екипи на Министерството за внатрешни работи се излезени на терен, а за подигнување на цистерната се чека механизација.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.