Предизвикувач на сообраќајка и крадец барани со потерница вчера уапсени во Тетовско

news
Advertisement

Предизвикувач на сообраќајка и крадец барани со потерница вчера уапсени во Тетовско
Двајца криминалци барани со потерница вчера се уапсени во Тетовско.

Advertisement

Прво полициски службеници на СВР Тетово околу 14 часот и 30 минути на локалниот пат за тетовското село Требош го привеле 35-годишниот М.А. од Требош, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на едногодишна затворска казна за сторено „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ казниво по член 300 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната, велат од тетовската полиција.

Околу 22 часот и 50 минути, пак, на крстосница од улица „Видое Смилевски-Бато“ со улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот К.М. од гостиварско Дебреше, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на затворска казна од 2 години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, велат од СВР Тетово. izvor Republika online

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.