Advertisement
Американски воен пилот се замозапали пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест против војната во Газа и во моментов е во критична состојба.
Advertisement
Човекот бил пренесен во болница откако пожарот бил изгаснат од припадници на американската тајна служба, соопшти противпожарната служба на Вашингтон.
Портпаролот на американските воздухопловни сили потврди дека во инцидентот бил вклучен активен воздухопловец.
– Повеќе нема да бидам соучесник во геноцид, рекол мажот, облечен во униформа, во видео што го емитувал во живо на Интернет, јави „Њујорк Тајмс“.
Advertisement