Пред 11 дена промовираа дека ќе работи 24 часа, а денеска библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје остана без струја поради неплатени сметки

news
Advertisement

Пред 11 дена се пофалија дека се враќа 24 часовното работење на библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје, а од денеска истата е без струја поради неплатени сметки.

Advertisement

Објектите на оваа установа која е под надлежност на Град Скопје се исклучени од ЕВН бидејќи имаат неплатени сметки, пишува СДК.

Директорката на библиотеката Снежана Стојчевска вели дека проблемот е настанат бидејќи не се префрлени пари од Град Скопје.

„Ова е третпат во мојот мандат од април 2022 година да бидеме исклучени од струја за две неплатени сметки. Како јавна установа, средствата за режиски трошоци ги добиваме од Град Скопје, кои што веднаш беа запознаени со проблемот и ветија брзо решавање“, вели Стојчевска.

Директорката вели дека утре проблемот ќе биде решен и установата повторно ќе добие струја.

Од Град Скопје на 13-ти месецов информираа дека работното време на читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе биде 24 часа.

УСС УКИМ неколку месеци наназад бараше од институциите враќање на 24-часовното работно време на библиотеката „Браќа Миладиновци“, кое беше редуцирано поради пандемијата со Ковид-19. Тие организираа и онлајн петиција која беше потпишана од преку 1.500 луѓе.

„Со почитување на заштитните мерки од корона вирусот, односно носење маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција на рацете, се штитиме од корона вирусот во било кој час од денот. Затоа, да ги обединиме нашите сили и да притиснеме за отворање на читалните во било кој час од денот“, стоеше во петицијата.

Од Градската библиотека одговараа дека чекаат одлуки од здравствената комисија за да се врати полното работно време.

Досегашното, редуцирано работно време на библиотеката беше од 08-20 часот од понеделник и петок, а во сабота 07-15 часот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.