Преквалификација на делото и укинат куќен притвор за Мухамед Зекири

news
Advertisement

Измените на Кривичниот Законик резултираа и со преквалификација на кривичниото дело за екс генералниот секретар на владата Мухамед Зекири и укинување на мерката куќен притвор. Тој беше обвинет за злоупотреба на службената положба од ставот 5 поврзан со јавните набавки кој со законските измени се избриша и сега ќе одогвара за став 4 од изменетиот член. По старата одредба предвидена беше затворска казна од 5 до 20 години. Нова одредба предвидува од 1 до 5 години затвор. Со измените, неговото дело од обвинителен акт се трансформираше во обивнителен предлог кој се води по скратена постапка. На денешното рочиште бил сослушан сведок предложен од одбраната.

Advertisement

Зекири е обвинет за злоупотреба во два спорни договори за консултантски услуги. Едниот за процена на вредноста и длабинско снимање на АД Пошта и другиот за потенцијална приватизација на Железници Транспорт. Според бовинтелството ги склучил без тендер со две различни компании во рок од два месеца (мај и јуни) лани, по што им биле исплатени еден ипол милиони евра- сума која се пресметува како штета на државниот буџет.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.