Премиерот в четврток ќе даде оставка, бара од ВМРО-ДПМНЕ да не се однесуваат како 13-годишни

news
Advertisement

Премиерот Димитар Ковачевски в четврток ќе поднесе оставка, по што ќе се отворат процесите за формирање техничка влада, која треба да го овозможи спроведувањето на парламентарните избори на 8 мај.

Advertisement

Ковачевски ова го најави на маргините на конференцијата „Година на европски можности“, која се одржува во Скопје.Тој посочи дека со оставката на премиерот целата влада ќе биде во оставка, а во однос на тоа дали ќе се проширува европскиот фронт со Алијанса за Албанците тој не даде конкретен одговор, но истакна дека земјава се наоѓа пред избор за ЕУ или за нешто друго, како и дека во нивната коалиција ќе бидат сите кои се проевропско ориентирани.Ковачевски додаде и дека овие избори нема да бидат избори помеѓу левица и десница, туку ќе бидат избори меѓу Западот и Истокот.

Според него, подготовките и кадровското екипирање на техничката влада се во тек, и се очекува да финишираат до петок. Одговарајќи на прашањето зошто во 2016, кога беше избрана првата техничка Влада пратениците на СДСМ не влегле во салата а таа сепак била изгласана од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, рече дека тогаш биле други услови.

-Тогаш вие знаете дека Собранието беше злоупотребувано од страна на власта. Вие се сеќавате дека при носење на буџетот пратениците на СДСМ беа исфрлани од Собранието и владееја други услови, рече Ковачевски.

ИЗВОР. https://nezavisen.mk/premierot-v-chetvrtok-kje-dade-ostavka-bara-od-vmro-dpmne-da-ne-se-odnesuvaat-kako-13-godishni/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.