Премиерот Ковачевски на отворањето на првиот состанок на Европската политичка заедница

news
Advertisement

Со официјална пленарна сесија започна првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага каде учествува премиерот Димитар Ковачевски заедно со лидерите на ЕУ, на Западен Балкан, поточно севкупно 44 шефови на Влади и држави од Европскиот континент. Како владина делегација на овој состанок присуствуваа и министрите за надворешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство Бујар Османи и Љупчо Николовски.

Advertisement

На пленарната сесија воведно поздравно обраќање имаше чешкиот премиер Петр Фиала кој ја истакна важноста на овој значаен собир каде за прв пат шефовите на државите и владите од Европскиот континент во пошироката смисла, зборуваат на рамноправна основа.

Станува збор за политичка дискусија на високо ниво со цел да се воспостави соработка на земјите од Европскиот континент во услови на светски и геополитички превирања.

Фокусот на Европската политичка заедница се трите најважни и во моментот поврзани прашања кои ги обединува сите земји, а тоа е војната во Украина, состојбата во енергетиката и економијата.

Беше нагласена важноста од солидарност со Украина и нејзиниот народ, како и зајакнувањето на рестриктивните мерки со цел да се зголеми притисокот врз Русија и да стави крај на војната.

Соработка и солидарноста низ Европа може да помогнат за да се придонесе во ублажување на последиците од светската енергетската криза настаната како резултат на воената агресија врз Украина. Целта на средбата е да се делува заеднички со цел да се акцентира важноста од дијалогот за обезбедување мир и безбедност, како и заеднички решенија во однос на диверзификација на изворите за снабдување со енергенси.

Лидерите на земјите члени на ЕУ, потенцираа дека целта на Европската политичка заедница е да се даде на земјите аспиранти чувство на припадност кон европскиот клуб пред нивниот формален пристап во ЕУ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.