Advertisement
„Му благодарам на Ковачевски што ми честиташе роденден, гледам дека тоа е доживување за него. Во контекст на останатиот дел од неговата изјава сакам уште еднаш да потенцирам дека УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ НЕМА ДА ИМА и дека нема да убедат ниту еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да се поколеба, макар и по 3 пати да му честитаат роденден. Ковачевски да се спреми за опозиција, времето доаѓа“, напиша пратеникот Љупчо Пренџов на својот профил на Фејсбук
Advertisement
Претходно Ковачевски изјави дека се надева оти постои демократски капацитет во земјава за да се донесат одлуки кои ѝ се потребни на државата за да го продолжи евроинтегративниот пат и да ги отвори кластерите во преговорите со ЕУ.
Извор: https://mkd.mk/node/526616
Advertisement