Пресметка на криминални банди или крвна одмазда? – детали за вчерашното убиство кај Блаце

news
Advertisement

Излегуваат многу детали во јавноста по вчерашните информации дека е пронајдено безживотно тело на маж кај Блаце. Се дознава дека убиениот е Зелќиф Туша, татко на осомничениот Гани туша кој се поврзува со убиството на Оки во Грција и Жила во Шиша бар

Advertisement

Гани Туша кој моментално е во притвор се сомничи дека е извршител на двојното убиство во Шиша бар во скопската чаршија кога покрај Бајрами, беше убиен и Јетон Кривањева – Жила, исто така припадник на криминалната група од Грчец, Дуќанџик.

Пред убиството на таткото на Гани Туша, вчеравечер имало пожар во кафулето “Барон” во Чаир. Пожарот бил пријавен во раните утрински часови околу 4 часот по што едно возило на противпожарната бригада интервенирало и за околу 40-тина минути го изгаснало пожарот.

На Туша му се става на товар и убиството на Халдики каде беа ликвидирани двајца водачи на групата Дуќанџик. По истекот на шестмесечниот притвор како осомничен за убиството на Оки, на Туша му е определен нов притвор за друго кривично дело, за тешка телесна повреда.

Тука влегуваат и неуспешните обиди да се ликвидира и Раде Трајковски-Штекли, кој наводно бил припадник на групата Барон.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.