„Престолнината на забавите“ ги намалува даноците за алкохол за 30 отсто

news
Advertisement

Можеби најпознатиот град во Обединетите Арапски Емирати, Дубаи ги намали даночните стапки за алкохол за 30 отсто со цел да го поттикне туризмот.

Advertisement

Во Дубаи веќе извесно време се олабавени прописите и можно е да се купува алкохол дневно и за време на рамазанскиот пост, а дозволена е и испорака. Ќе престане и издавањето поединечни дозволи за пиење алкохол, коишто досега и тамошните жители мораа да ги имаат за да пијат дома. Последниот потег се толкува како обид на градот да биде уште попривлечен за странците, заради натпревар со соседите.

Две компании кои се дистрибутери на алкохол во Дубаи, „Маритајм анд Меркантил Интернејшнал“ (ММИ) и „Африкан анд Еастерн“ најавија дека намалувањето на даноците ќе влијае и на нивните клиенти.

– Откако почнавме да работиме во Дубаи пред 100 години, пристапот на емиратот остана динамичен, чувствителен и инклузивен за сите! Новите измени на законот се средство за безбедно и одговорно консумирање алкохолни пијалоци во Дубаи и ОАЕ, изјави претставникот на ММИ, Тајрон Рид.

Не се знае дали одлуката, која стапи во сила вчера, ќе биде трајна.

Немуслиманските жители на Дубаи мора да имаат најмалку 21 година за да пијат, пренесуваат или поседуваат алкохол дома и мора да имаат дозвола за тоа – пластична картичка што се издава од полицијата. Во Дубаи, познат како „Престолнината на забавите“ во Персискиот Залив, странците се побројни од тамошните жители со однос и до девет спрема еден.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.