Претепан сопственикот на „Буревесник“, Зоран Божиновски

news
Advertisement

Кај Божиновски била констатирана скршеница на носот и други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош и утрово бил пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница
Сопственикот на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски вчера вечер бил претепан од две непознати лица пред неговиот дом во Битола, пренесуваат медиумите.

Advertisement

Тој, како што потврдила неговата сопруга за „Плусинфо“ која и самата била со него за време на нападот, со повреди бил пренесен во битолската болница.

Кај Божиновски била констатирана скршеница на носот и други повреди на главата. Тој бил однесен во Клиничката болница Битола, каде му е укажана лекарска помош и утрово бил пуштен на домашно лекување, но попладнево повторно мора да се јави во болница.

Информацијата и фотографиите од претепувањето на сопственикот на „Буревесник“ прв ја соопшти Љупчо Палевски на својот фејсбук-профил.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02PqY7bPC1tKTUQLpKmsCrMtegNdoC7esvRcLsnXe3JveGsPLN8mMa5R5ovQF1EPPzl&id=100000335001614

Божиновски, според тврдењата на неговата сопруга Панда Солунчевска, бил претепан пред неговата куќа во Битола, а напаѓачите најверојатно носеле метални боксирачи на рацете.

„Се враќавме од пат во Скопје, каде што бевме со автобус. Напаѓачите очигледно точно знаеле кога ќе стасаме пред куќниот праг. Крвнички се нафрлија врз Зоран. Беа маскирани. Меѓу прстите на рацете имаа некакви метални додатоци. Мене не ме нападнаа. Ужасната, јас силно спискав и свикав и дури потоа тие го оставија Зоран претепан и тешко повреден“,

изјавила Солунчевска за „Плусинфо“.
Случајот бил пријавен во полиција, од каде засега сè уште нема информации за настанот.

Инаку, ова не е прв физички напад врз сопственикот на „Буревесник“, кој се најде и на обвинителна клупа во случајот „Шпион“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.