Претерал со пиење и се качил во возило – полицијата му измерила 3,7 промили алкохол

news
Advertisement

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на изминатата вечер 13/14. 01.2024 спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои возат под дејство на алкохол во околината на Скопје при што вкупно се санкционирани 19 возачи, а кај еден возач кој бил запрен во општина Петровец биле измерени 3,7 промили алкохол во организмот.

Advertisement

Тој е исклучен од сообраќај и против него се поднесени соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со акциските контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *