Претреси во Битола, пронајдени пиштол, муниција, украдени предмети

news
Advertisement

На 08.06.2023 полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола лишиле од слобода 26 годишно лице од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, билe пронајдени и одземени пиштол „зораки“, две рамки за пиштол и 48 куршуми. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

Вчера, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола од слобода лишиле 43 годишно лице од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени муниција и предмети кои потекнуваат од тешка кражба извршена на 02.06.2023 од страна на неговите малолетни деца.

Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признале делото. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.