Претрес во домот на таткото на екс портпаролот на СДСМ, се бараат докази за злоупотреба на лековите

news
Advertisement

По низата претреси за случајот на Онкологија, вчера обвинителството и финансиската полиција претресот го продолжиле кај поранешниот директор на болницата.

Advertisement

Претрес е направен во домот на екс директорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев, татко на екс портпаролот на СДСМ Стефан Васев.

Од Клиниката за онкологија се земени сервери, кутии со лекови, пакети од аптеката, лаптопот на доктор Нино Васев и огромен број на медицински истории на пациентите. За една конкретна историја која што истражителите ја барале, а не можеле да ја најдат, извадени биле сите сервери откако ИТ менаџерот бил повикан да ја отклучи вратата на онкологија.

Во периодот кога доктор Васев беше директор, постоеја сомнежи, а подоцна и докази за кражба на цитостатици. Клиниката за онкологија имаше буџетска дупка од 12 милиони евра и празна болничка аптека. Ова резултираше со оставка на доктор Васев, за која изјавуваше дека ја дава од лични причини и остана на раководно место во болницата.

Според информациите, ќе се проверува дали на пациенти што се починати, непосредно пред смртта им е давана терапија на хартија за наредниот период, која подоцна морало да биде вратена во аптеката како донација и била препродавана.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.