ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ДА МОЖЕ ДА ПОМИЛУВА САМО ЗА КАЗНА, А НЕ И ДА „СПАСУВА“ ОД КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ – Правда го доставиле новиот предлог закон за помилување во владина процедура

news
Advertisement

Министерството за правда, како што информираа оттаму, го доставиле Предлог Законот за помилување во владина процедура.

Advertisement

Ова следува откако предлог законот за амнестија кој оттаму го туркаат, предизвикува вистинска бура во јавноста.

„Министерството за правда минатата година формираше работна група составена од претставници од релевантните институции од правосудството, како и претставници од Претседателот на Република Северна Македонија и од научната фела. При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства од кои посебно се значајни решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи.

​Причините за донесување на Законот за помилување, пред се, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања кои се предлага да бидат регулирани со новиот Закон.

Постојниот Закон за помилување беше донесен во 1993 и истиот претрпе бројни измени и дополнувања, а одредени одредби беа укинати од страна на Уставниот суд“, пишуваат од Министерството за правда.

Клучните новини, како што пишуваат од ресорот со кој раковод Кренар Лога, содржани во Предлогот на законот се:

„Прашањето за правото на Претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење беше едно од најекспонираните прашања за што работната група застана зад решението согласно кое Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.

Мошне значајни се и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување каде се предвидени кратки рокови за секоја од иснтитуциите кои се вклучени во постапката за помилување. Притоа, тука се значајни и конретните одредби за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, но и на нивните претпоставени“, се вели во соопштението од Министерството за правда.

Извор: https://faktor.mk/pretsedatelot-da-moze-da-pomiluva-samo-za-kazna-a-ne-i-da-spasuva-od-krivichno-gonenje—pravda-go-dostavile-noviot-predlog-zakon-za-pomiluvanje-vo-vladina-procedura

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.