Претседателски кандидати : Таравари ја има на маса понудата , ДУИ се уште не одлучила , ВМРО ДПМНЕ закажа партиска конвенција на 2 март

news
Advertisement

Арбен Таравари се уште ја има на маса понудата на албанската опозиција да се кандидира за претседател на државата, но дали ќе прифати ќе размисли следниве денови.

Advertisement

„Постојано сум во контакт со Руфи Османи и секој пат ми е задоволство да бидам со проф.др. Руфи Османи. Вечерва всушност разговаравме на таа тема, но немаме дефинитивна одлука како ќе одиме на претседателските избори“, вели Арбен Таравари.

-Дали сè уште имате кандидатура за претседател?

„Понудата стои, но ќе видиме, ќе ја испитаме во наредните денови за конечна одлука“.

Од ДУИ се уште не одлучиле дали ќе имаат нивен кандидат иако неофицијално се зборува дека опција би можел да биде Бујар Османи. Запрашан за ова, Османи рече дека тоа се одлуки на партијата и дека досега не разговарале за ова прашање.

Го прашавме претседателот Стево Пендаровски дали повторно ќе се кандидира, но тој кратко одговори:

ВМРО ДПМНЕ закажа партиска конвенција на 2 март кога ќе се избира кандидатот за претседател од сите пријавени. Претседателот на оваа партија Христијан Мицкоски порача дека во име на демократијата треба да има повеќе претседателски кандидати.

Инаку првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април а вториот на 8 мај заедно со парламентарните избори.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.