Приведени две лица поради дрога во Аеродром и Гази Баба

news
Advertisement

Полициски службеници синоќа привеле две лица на различни локации низ Скопје поради дрога.

Advertisement

Најпрво во 20.45 часот на подрачјето на Гази Баба, од полициски службеници од Едницата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода С.Б.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа во 21.00 часот на подрачјето на Аеродром, од полициски службеници од Едницата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода А.П.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.