Приведени девет крадци – одземени возила, украденото вратено на сопственикот

news
Advertisement

На 10.03.2024 во 12.30 часот во с.Долно Српци, општина Могила, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Т.Н.(35), Б.Џ.(37), С.Р.(20), А.Р.(23), А.Р.(45), Е.Б.(32), Д.Д.(24), Е.К.(24) сите од Прилеп и Р.В.(61) од с.Мажучиште, прилепско, соопшти МВР.

Advertisement

Тие биле затекнати при извршување на кражба во објект на ЗИК „Пелагонија“. Од нив биле одземени патничко возило „фолксваген венто” со прилепски регистарски ознаки, патничко возило „фолксваген венто” со гостиварски регистарски ознаки и патничко возило „форд транзит” со гостиварски регистарски ознаки, натоварени со повеќе предмети сопственост на ЗИК „Пелагонија“.

Предметите биле вратени на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветна пријава.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.