Advertisement
Полицијата вчера на граничниот премин Деве Баир привел Турчин кој приложил фалсификуван зелен картон.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
„На 20.02.2024 во 23.30 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Г.М.Е.(51) од Р.Турција поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека меѓународната зелена карта за осигурување на товарно возило била фалсификувана“, информираат од МВР.
Advertisement
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Advertisement