Прилепчани заинтересирани за работа во Словенија

news
Advertisement

Огромна заинтересираност на прилепчани да заминат од Македонија и да се вработат во Словенија. Стари, млади, од сите возрасни категории кои не гледаат преспектива тука, својата иднина ја гледаат надвор од државава. Во моментов на Словенија и се потребни 4.000 работници од скоро сите струки и општи работници. Минималната плата се движи околу 1.000 евра, а просечната плата околу 1.200 евра.

Advertisement

„Така да ние сакаме да ги информираме луѓето навистина да добијат правилни информации, веродостојни информации и да се запознаат со работодавците кои навистина се добри, проверени работодавци, кои се грижат за своите работници“, рече Тања Подобник Зец, Завод за вработување на Словенија.

Словенските компании кои на саемот за вработување денеска во Прилеп нудеа работа велат дека се задоволни бидејќи имало голема заинтересираност, а особено се задоволни од тоа што најголемиот дел биле млади под 30 годишна возраст.

„Градежна фирма, значи бараме градежни работници, платата е од 1.600 евра па нагоре. Еве за овие 2 саати колку што сме овде имаме некаде 15 до 12 пријави, така да задоволни сме“, кажа Владимир Велиќ, градежна компанија.

„Задоволни сме, одзивот е добар, најмногу нѐ изненади и нѐ усреќи е старосната граница под 30 години на кандидатите кои се заинтересирани за работа“, додаде Драган Благоевиќ, транспортна компанија.

Прилепчани кои денеска го посетија овој настан велат дека својата перпсектива за жал не ја гледат во Македонија иако би сакале да биде така.

„Зошто сте заинтересирани за работа во Словенија, а не тука кај нас?

Па финансиите се подруги надвор. Јас еднаш бев Хрватска и подобро е во споредба со тука“, кажа Пеша Игеска, жител на Прилеп.

„Зошто не барате работа во Македонија, туку во странство, која е разликата?

Па барам и во Македонија, но во Македонија се многу полоши условите, посебно за угостителската работа, мислам дека е една од најпотценетите професии и не е доволно платена. “, додаде Михаил Штаргоски, жител на Прилеп.

Ова е втор ваков саем за вработување кој Словенија го организира во Македонија, првиот беше во месец јуни.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.