Притворени четири лица – брат за 3000 евра договорил присилен брак за малолетната сестра

news
Advertisement

Притворени четири лица – брат за 3000 евра договорил присилен брак за малолетната сестра

Advertisement

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 07.09.2022 поднесе кривична пријава против С.Ш.(25) од Скопје, Ф.А.(46) и М.Б.(51) двајцата од Р. Србија и Б.А.(49) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“ казниво по член 418-г став 1 и 2 од Кривичен законик.

Имено, првопријавениот С.Ш., брат на девојчето, заради стекнување противправна материјална корист од 3000 евра преземал дејствија за склучување на присилен брак на дететo со лице од Србија, чии родители се второпријавената Ф.А. и третопријавениот М.Б., кои договориле и дале пари за склучување на присилниот брак. Четвртопријавениот Б.А. ја имал улогата на посредник меѓу С.Ш. и Ф.А. и М.Б. за надомест од 200 евра. Лицата се лишени од слобода, а од Судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена/tv21.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.