Притвор за маж од Кичево поради поттикнување на друго лице да запали викендица

news
Advertisement

Кичевската полиција презема мерки за дорасветлување на кривично дело “предизвикување општа опасност” извршено на 4 декември лани со подметнување на пожар во село Кнежино, Кичевско, во викенд куќа сопственост на С.К. од Кичево. Пожарот бил подметнат од страна на осомничениот А.А. од с.Туин, на кого влера за истото кривично дело од страна на Судија на претходна постапка му беше определена мерка притвор во траење од осум дена, соопшти МВР.

Advertisement

При преземањето на мерките, поради постоење на основи на сомневање дека извршил кривично дело “Поттикнување” во врска со “Предизвикување општа опасност” односно го поттикнал непосредниот извршител да го стори кривичното дело, лишено е од слобода лицето У.Џ.(48) од Кичево, кој со кривична пријава е предаден во ОЈО Кичево и од страна на Судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.