Причината за смртта на девојчето од Битола не е утврдена, Обвинителството проверува како е лекувано

news
Advertisement

Обвинителството има издадено низа насоки и наредби за да се извршат провери за тоа како било лекувано петгодишното девојче во битолската болница, каде почина. Причината за смртта досега не е утврдена, велат од Обвинителството. „За настанот во болницата во Битола – Основното јавно обвинителство Битола издава наредби и насоки за да се извршат сите неопходни проверки. Причината за смрт на девојчето се уште не е утврдена“, велат од Обвинителството.

Advertisement

Вчера за настанот се изјасни и директорот на болницата.

„Девојчето е донесено во болницата во 10 часот вчераутро, а почина во 14 часот. Родителите го донесоа дехидрирано, со покачена температура, повраќање и со оток на очите. Кај нас беше само рехидрирано пред да почине. Телото сега е на обдукција, а за случајот го известив Обвинителството“, рече вчера директорот Обедниковски.

Сведоштво за последните моменти на Јана, имаше и нејзиниот татко за „Макфакс“.

Тој и неговата сопруга се убедени дека за смртта на нивната ќерка пресудна била инфузијата со гликоза што ја добила и покрај тоа што претходно анализите покажале дека шеќерот и е деветка. По инфузија шеќерот и се искачил на 19 и состојбата и се искомплицирала, а по три часа им соопштиле дека починала.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.