Провалил во објект на Армијата во кој се чувало оружје, истрага против скопјанец

news
Advertisement

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен скопјанец осомничен за обид за тешка кражба во согласност со член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик. На 14 мај, во атарот на селото Ќојлија, Скопско, провалил во издвоен објект на Армијата на Република Северна Македонија, од каде што се обидел да одземе туѓи предмети од особено значење за сигурноста на луѓето и имотот, со намера противправно да ги присвои.

Advertisement

Со клешта за арматура ја исекол жичената ограда и специјалната бодликава жица, влегол во кругот на објектот „Дренов Дол“, во кој се чувало оружје и друга воена опрема. Осомничениот насилно ја отворил вратата, но во тој момент бил спречен од професионален војник, кој го затекнал.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.