Продолжува предизборната кампања

news
Advertisement

Претседателските кандидати ја продолжуваат својата кампања која денеска влегува во шестиот ден. Вчера речи си сите излегоа на митинзи и средби со граѓани.

Advertisement

Нивните пораки ги имаме во продолжение.

Кандидатката Ванковска вчера имаше средби со граѓаните во Богданци и Гевгелија а денеска нејзината кампања ќе продолжи во скопска Гази Баба каде што ќе има средби со граѓани а потоа вечерта, поголем митинг во општинската сала во Куманово.

Пендаровски денеска ќе почне во Македонска Каменица па во Пехчево каде што ќе има средби со грѓаани. Првиот митинг ќе го одржи во Берово а централниот вечерва во Делчево.

Кампањата на Силјановска попладнево продолжува со средби со граѓани во Теарце и Брвеница. Првиот митинг ќе биде во скопско Ѓорче Петров а центрланиот вечерва во Куманово.

Кандидатот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата „Манифест за Македонија“ во Јегуновце, Брвеница, Теарце и централен настан во Тетово.

Стевчо Јакимовски денеска ќе биде во Неготино, Кавадарци и Прилеп.

Останатите кандидати се уште немаат детали за агендата денеска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.