Пронајдено лице кое беше пријавено за изгубено

Пронајдено лице кое беше пријавено за изгубено

news
Advertisement

Advertisement

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека во 17.58 часот на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за изгубено лице над Галичките терени во Маврово (Општина Маврово – Ростуше). Од страна на РЦУК Тетово веднаш е остварен контакт со пријавителката како и со ПС Маврово од каде добиле информација дека екипи од ПС Маврово, ПС Ростуше и од Национален парк „Маврово“ се упатени на терен, односно на локацијата каде што е евидентиран последниот телефонски повик од изгубеното лице. По кратко време, односно околу 18:45 часот во Регионалниот ЦУК Тетово е добиена информација дека лицето е пронајдено и дека е во добра општа состојба.

Advertisement