Пронајдено телото на Евгениј Пригожин

news
Advertisement

Руските медиуми објавија дека по вчерашната авионска несреќа во близина на Москва е прнајдено телото на шефот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Неговото тело е пренесено во Тверското регионално биро за судска медицина.

Advertisement

Во близина на Бирото за судска медицина распоредени се голем број полицајци. Откако беше потврдено дека Пригожин загина во авионска несреќа, на социјалните мрежи се појави снимка од наводни членови на руската платеничка група кои најавуваат одмазда.

– Многумина зборуваат што ќе направи „Вагнер“ во оваа ситуација. Ќе кажеме само едно – тргнуваме. Чекајте не, истакна еден член на „Вагнер“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.