Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ одбележаа две години брак, а по тој повод Анастасија одлучила јавно да му се обрати на сопругот. Нивната љубовната приказна, која започнала пред неколку години, сè уште е инспирација за многумина.
Во својата емотивна објава на Инстаграм, сподели сет фотографии на кои уживаат на плажа, што додатно ја нагласува нивната блискост и среќа. Немања цврсто ја држи во прегратка, а Анастасија блеска од радост, што јасно покажува колку се среќни заедно.
„Две години во брак. Лудо те сака. Имаме вечност пред нас“, напишала Анастасија на објавата.
Да потсетиме, Анастасија и Немања се запознале преку заеднички пријател, а тоа било момент кога „кликнале“ еден со друг.
„Се запознавме преку пријател, кликнавме на прва. Кај него ми се допаѓа се, за сега се е добро“, изјавила Анастасија без да открива повеќе детали.
Неодамна брачниот пар уживаа на Ибица, од каде објавија неколку фотографии на социјалните мрежи. Оваа авантура, како што пренесоа српските медиуми, ги чинела 30.000 евра, што може да изгледа износ кој многумина не би можеле да си го дозволат, но за нив тоа е очигледно дел од уживањето во животот. Нивното патување на Ибица покажува како уживаат во секој момент поминат заедно, а тоа дополнително ја освежува нивната врска.
Фото: Инстаграм
Извор: Republika.rs