Протест на Независниот синдикат на полицијата во Струмица

news
Advertisement

Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест по улиците на Струмица заради неодамнешниот напад од поголема група граѓани врз полициски службеник во селото Баница, кој притоа се здоби со тешки телесни повреди и траен инвалидитет.

Advertisement

Како што беше истакнато на протестот, полициските службеници секојдневно се напаѓани, малтретирани и повредувани, а кога се обидуваат да се заштитат против нив се покренуваат обвиненија за малтретирање во вршење на службата.

Овој синдикат побара итна промена на Законот за полиција и Кривичниот законик и пропишување на минимална казна затвор од пет години за напад на полициски службеник.

Ги повикаа ресорниот министер, Владата и сите останати политички партии и чинители да ги поддржат нивните протести по примерот и поддршката на протестите на маргинализираните групи и заедно да се крене свеста за потребата од поголема заштита на полициските службеници, како и за достоинствена плата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.