Протест против изградбата на 17 катница кај Воена болница/ФОТО

news
Advertisement

Како што беше најавено, „Независни за Карпош – За заштита на Карпош“ излегоа на протест против изградбата на спорната 17 катница, која треба да „никне“ на просторот позади бензинската пумпа на „Макпетрол“, кај поликлиниката „Букурешт“

Advertisement

„Скопје не е бавча па секој да ја ора““, „правда пред профит“, „град за луѓе не за профит“ пишуваше на дел од транспарентите.

Од „Независни за Карпош- За заштита на Карпош“ се револтирани дека и покрај според нив спорното позитивно мислење издадено од Конзерваторскиот центар, се подготвува изградбата на висококатницата. Тие велат дека се гневни поради тоа што Општина Карпош крие дека е издадена градежна дозвола, а на оградата на градилиштет веќе е истакнато решението за градење.

Незадоволните граѓани бараат да се поништи, според нив нелигитимното конзерваторско мислење врз кое е издадена градежната дозвола и да се оневозможи изградбата на овој компекс во рамки на заштитена зона.

Во зградата ќе треба да се вселат над 2000 жители, а според присутните н протестот тоа ќе предизвика дополнителен сообраќаен метеж.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.