Професор по медицина пронашол „мито“ од 10 денари и динари во студентски индекс, неговата порака е кратка и јасна

news
Advertisement

Душан Милисављевиќ, познат ОРЛ доктор и професор на Медицинскиот факултет во Ниш, за време на испитот во јануарско-февруарскиот рок во индекс на еден студент пронашол пари.

Advertisement

Но, пред да помислите на најлошото, станува збор за 10 динари и 10 денари, кои академците често симболично ги оставаат за среќа, бидејќи веруваат дека така ќе привлечат 10-ки. По тој повод, професорот Милисављевиќ имал јасна порака:

„Јануарско-февруарски испитен рок. Неколку индекси и банкноти од 10 динари и 10 денари во индекс. Велат, тоа е за среќа да добијат 10-ки. Професорот им посакува среќа на сите, но за полагање на испит е потребно сериозно учење, а не суеверие“.

Професорот изјавил за српскиот „Телеграф“ дека не е суеверен, но оваа ситуација му била симпатична.

„Едниот студент доби 10-ка затоа што навистина знаеше на испитот и ја заслужи таа оценка, а другиот доби 8-ца. Не треба да се биде суеверен туку да се учи. Секако ми беше симпатично“, вели тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.