ПУКАЛЕ ВО НЕГО АМА ГО ПРОМАШИЛЕ, ТАТКО ДОПИРАЛ ЌЕРКА, ТЕПАЧКИ ПО САБАЈЛЕ… Баксузен 13-ти ноември

news
Advertisement

На 14.11.2023 околу 05.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица МАНАПО во Скопје настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Р.(26) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Advertisement

На 13.11.2023 во 22.20 часот во СВР Скопје, М.К.В.(41) од Скопје пријавила дека во двор на основно училиште на подрачје на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од неколку други малолетнички.

На 13.11.2023 во 21.50 часот во СВР Скопје, К.С.(33) од Скопје пријавил дека пред зграда на подрачје на Центар, поради претходни недоразбирања, Т.М. пукал со пиштол кон него, но не го погодил.

На 13.11.2023 во 13.00 часот во СВР Битола, 37-годишна жена од Битола пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг Т.С. ја допирал по телото нивната малолетна ќерка.

Денеска (14.11.2023) во 08.10 часот во СВР Скопје, И.Т. од Скопје пријавил дека околу 07.40 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од С.Л..

На 13.11.2023 во 20.00 часот во СВР Скопје, Р.З.(28) од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот во близина на Градскиот трговски центар, едно лице со закана му одзело чанта со пари и други документи.

На 13.11.2023 во 09.00 часот во СВР Скопје, Б.Д.(31) од Скопје пријавил дека на 12.11.2023 околу 19.45 часот на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Д.Н. и уште едно лице, кои употребиле и тврд предмет.

На 13.11.2023 во 14.00 часот во СВР Скопје, А.Ј.(40) од Скопје пријавила дека околу 13.05 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, нејзиниот син бил физички нападнат од едно лице.

На 13.11.2023 во 14.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улицата Борис Кидрич и излез од паркинг простор во Куманово, патничко моторно возило „јагуар“ со охридски регистарски ознаки удрило во М.И.(38) од Куманово, по што М.И. го напуштил местото. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

ИЗВОР: https://plusinfo.mk/pukale-vo-nego-ama-go-promashile-tatko-dopiral-erka-tepachki-po-saba-le-baksuzen-13-ti-noemvri/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.