Путин по една деценија го откажа годишното обраќање до нацијата

news
Advertisement

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја одржи својата традиционална прес-конференција на крајот на годината за прв пат по една деценија, бидејќи руските трупи продолжуваат да губат позиции во Украина, пренесе POLITICO.

Advertisement

„Што се однесува до годишната прес-конференција, да, нема да се одржи пред Нова година“, рече во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека сè уште се очекува претседателот да разговара со новинарите, исто така, за време на странски посети.

Сè уште не е одреден датум за новогодишното обраќање на Путин до нацијата, додаде Песков.

Годишниот говор во минатото траеше со часови, нудејќи му на Путин можност да го прикаже своето владеење и неговата контрола врз власта на националната телевизија.

Руските трупи продолжуваат да доживуваат неуспеси во Украина за речиси 10 месеци инвазија. Британското министерството за одбрана денеска соопшти дека Украина ослободила околу 54 отсто од територијата заземена од руските сили од 24 февруари 2022 година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.