Работна машина тешко повреди жена во кумановска фабрика

news
Advertisement

Дваесет и петгодишна жена од кривопаланечко била тешко повредена во фабрика во кумановското село Речица.

Advertisement

На 28.10.2023 во 00.33 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Брза помош Куманово била донесена повредена А.В.(25) од село Конопница, кривопаланечко, која, според пријавеното, на 27.10.2023 околу 23.30 часот додека била на своето работно место во фабрика во село Речица, кумановско била повредена од работна машина управувана од С.П.(50) од Куманово, по што од лекар и се констатирани тешки телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, за настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.