Радев е против воена помош за Украина: Го гасиме огнот со бензин

news
Advertisement

Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека пружањето воена помош на Украина може да доведе до глобален конфликт и апелираше да не му се испраќа оружје на Киев.

Advertisement

-Највредни се мирот и човечкиот живот. Испораката на оружје на Киев значи дека го гасиме огнот со бензин, значи дека признаваме дека ќе има многу повеќе жртви – рече Радев во интервју за Дарик радио. Како што истакна, воената помош на Украина значи согласување со ставот дека конфликтот треба да се води до целосниот пораз на едната страна, што неизбежно ја вовлекува земјата „во глобален конфликт и можност од нуклеарно самоуништување“.

Според него, неговата земја не треба да ѝ испраќа оружје на Украина бидејќи на тој начин го поддржува конфликтот.

-Секој кој не се сложува со тој став не само што треба добро да ги проучи историските корени на конфликтот, туку и да изнесе анализа на сите ризици. Мојата должност како претседател е да размислувам и да бидам солидарен со повеќето Бугари – истакна тој.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.