Раде Штекли тешко повреден во пукањето во Ист Гејт

news
Advertisement

Раде Трајковски Штекли е повреден во пукањето кое попладнево се случи во трговскиот центар Ист Гејт, пишуваат медиумите.

Advertisement

Според информациите покрај Раде Штекли кој е тешко повреден и се наоѓа во животна опасност повредено е и уште едно лице. На местото на настанот има голем број полициски службеници.

Од МВР потврдија дека се ранети две лица во попладневното пукање во молот. Во Раде Штекли беше пукано и кон крајот на август летово, во гаражата на трговскиот центар. Тогаш „Штекли“ не беше повреден.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.