Разединетата Алијанса „влезе“ во судските лавиринти, таборот на Таравари го оспорува конгресот на Села каде тој стана лидер на партијата

news
Advertisement

Вчера таборот на Арбен Таравари со претставка која ја поднесоа до Основниот суд Тетово и изјави на делегати заверени на нотар, ја започнаа правната борба за оспорување на вонредниот конгрес на Зијадин Села, на кој Таравари беше разрешен од лидер на партијата.

Advertisement

Портпарлот Блеронт Рамадани вели дека со претставката се оспоруваат одлуките и промените на вонредниот конгрес одржан на 16 февруари во Скопје свикан од Села.

„И со ова ние како Алијанса за Албанците ја затвораме оваа тема кој има и кој нема право на партијата. Финалната одлука ќе ја има судот во Тетово и ние тоа ќе го почитуваме и тоа е став на Таравари. Но, во целиот овој процес ние бевме повеќе од транспарентни. Централното раководство, Собранието и делегатите на конгресот со мнозинство даваат подршка на Таравари ,затоа треба да ја почекаме одлуката на судот, а ние сме повеќе од уверени дека крајната одлука ќе дојде од граѓаните на 8 мај’, рече портпарлот на Алијансата за Албанците Блеронт Рамадани подржувач на крилото на Таравари.

На конгресот пак свикан од Таравари, биле укинати и некои членови од статутот на партијата кои ги донел Села, а неговата досегашната фунцкија претседател на Собрание веќе е укината.

„Во овој контекст во однос на членовите на Централното собрание, ние имаме изјави заверени на нотар, мнозинство на делегати чии изјави се заверени на нотар во кои напишаа дека не присуствувале на Централното собрание кое е повикано од незадоволната група. Сега во овој случај може да замислите како тие би имаме двотретинсо мнозинство да ги донесат тие одлуки. Затоа во четвртиот вонреден конгрес имаше одлуки со кои одлуките кои се донесени на тоа Централно собрание на Села се поништуваат и имаше промени во статутот, дека се укинува функцијата претседател на Централното собрание“, дополни Рамадани.

По двата вонредни конгреси на партијата пак приврзаниците на Села материјалите од конгресот ќе ги пратат во Централен регистар, за Села да биде регистриран за нов лидер на Алијансата.

Оваа (очекувана) разврската следи откако Таравари, како актуелен претседател, и Села како негов претходник, ја поделија партијата и се разидоа по прашањето дали Алијанса да настапи на претстојните претседателски и парламентарни избори – самостојно или во коалиција со опозициските партии на Албанците.

По разрешувањето на Таравари од претседател на Алијанса и изборот на Села како единствен кандидат за лидер на партијата, Села изјави дека ја има поддршката на 591 делегат од вкупно 837. За Села нема дилема дека тој е претседател на Алијанса, бидејќи претседателот се избира како што е наведено во партискиот статут. Тој го обвини Таравари за низа прекршоци, почнувајќи од етичкиот кодекс на партијата, а завршувајќи со статутот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.