Рамиз Мерко не пребирал: Поставил ветеринарен техничар за директор на основно училиште

news
Advertisement

Незаконското поставување на директор во основото училиште во Велешта,за кое антикорупциска достави иницијатива до ОЈО за кривично гонење на градоначалникот Рамиз Мерко, не бил изолиран случај. Пензионираниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски тврди дека в.д директорката на основното училиште во Велешта не е единствената која немала завршено високо образование, ниту пак го имала потребното работно искуство. Организиран образовен криминал имало и во основното училиште “Гоце Делчев “ во Подгорци каде на два пати за в.д директор е поставено лице, кое не само што не било од редот на вработените,туку имал и несоодветно образование, односно бил ветеринарен техничар. Па така од штала дирекно седнал во директорска фотеља,а во меѓувреме се здобил и со диплома.

Advertisement

“Со завршено средно стручно образование ветеринарен техничар,се заниманал со овци, со крави,но е поставен од страна на Мерко и истиот после тоа добива диплома од струшкиот приватен универзитет на Мерко со завршен правен факултет.Оваа дивјачка работа,оваа примитивна,нецивилизирана работа на Рамиз Мерко и на министерот за образование не се почитува.По ова неминовна е оставка на министерот и преземање на сите чекори од јавното обвинителство за организиран криминал”-тврди поранешниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски.

Доказите кои го поседува Илиески говорат дека и во училиштата во Радолишта,Вевчани и Лабуништа биле поставувани по неколку пати исти в.д. директори,без потребниот работен стаж од 5 години.Во Лабуништа директорката била донесена од ресурсниот центар од Битола каде работела како образовен асистент.Во училиштетото во Лабуништа најпрвин била примена како психолог,за по една недела да биде унапредена во директор.

“За сето ова биле запознати и градоначалникот Мерко, биле запознати и од ДПИ, раководителите за високо образование во Скопје Африм Салиу,Бесим Алија и нормално бил запознат и Јетон Шаќири и наместо сето ова да го согледа и да му ги одземе ингеренциите на Мерко, тој си продолжува со истите вакви криминални дејанија” –вели Илиевски.

Спорно е и поставувањето на директорката во струшкото основно училиште “Браќа Миладиновци “.Иако немала лиценца за директор од гимназијата “Ибрахим Темо “ каде предавала албански јазик, веќе една година таа е поставена за директор во “Браќа Миладоновци. “

Неодамна именуваниот директор на Државниот просветен инспекторат Халид Фератов, вели дека за спорните директори од Струга но и од другите градови,кои ги имало многу,рагирал соодветно до ОЈО.

Од министерството за образование се оградуваат од одговорност. Согласно Законот за основното образование, градоначалникот на предлог на училишниот одбор именува директор на основното општинско училиште од редот на вработените. Додека, по однос на претставки поврзани со постапката за избор и разрешување на директори, постапува Државниот просветен инспекторат-стои во дописот кој ни го испратија

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.