Раскинат менаџерскиот договор со директорот на „Водостoпанство“ и намалени надоместоците на УО

news
Advertisement

Владата го задолжи Управниот одбор на Акционерското друштво „Водостопанство“ да го раскине менаџерскиот договор со директорот, Локман Љимани и наложи надоместоците за членовите на Управниот одбот во наредните 12 месеци да се намалат за 50 проценти.

Advertisement

Ова е заклучокот од владината седница на којашто се разгледуваше прашањето за акционерското друштво кое е во долгови и чии вработени излегоа на протест да си ги бараат платите.

Владата ја разгледа Информацијата со план за активности за зголемување на приходите за 10 проценти и намалување на расходите за 20 проценти пристигната од АД „Водостопанство на Република Северна Македонија“, за која на една од претходните седници беше упатено барање од Владата за појаснување околу утврдувањето на зголемувањето на надоместокот на услугите и беше упатено барање за ревидирање на платите до АД „Водостопанство“, соопштија од Владата

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.