Под мотото „Правда за жртвите“ за денеска најавен е протест за скандалот во Онкологија во организација на неформалната група „Протест против убиството на Онкологија“.
Ова е трет протес по ред, а револтот на јавноста станува се поголем откако проструија нови сомнежи дека на Клиниката воопшто нема евиденција за пациенти кои починале во домашни услови, како и дека тие се воделе како живи, а лековите наместо за пациентите завршиле на црниот пазар.
Пред половина месец инспектори и обвинители влегоа на Клиниката за онкологија. Земени се компјутери, документи и медицинска евиденција на пациентите. Но, Обвинителството досега не излезе со официјални информации што е пронајдено и дали има осомничени од раководството на Клиниката.
Извор: https://24.mk/details/raste-pritisokot-na-javnosta-za-sluchajot-so-onkologija-za-deneska-najaven-nov-protest