Реал Мадрид без осум првотимци на куп-мечот со Касерењо

news
Advertisement

Реал Мадрид е огромен фаворит на дуелот од Копа дел реј против нисколигашкот Касерењео, што беше причина Карло Анчелоти да им даде заслужен одмор на дел од своите најдобри фудбалери.

Advertisement

Карим Бензема и Лука Модриќ ја предводат листата од осум првотимци кои го пропуштија денешниот тренинг и воопшто нема да бидат во комбинација за куп-пресметката, заедно со првиот голман Куртоа, стартните бекови Менди и Карвахал, како иВинисиус, Крос и Алаба.

Во една таква ситуација Анчелоти реши да повика шестмина членови на младинската екипа на Реал, и тоа голманите Лопез и Кањизарс, како и Арибас, Нико Паз, Марвел и Алваро Родригез.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.