Регистриран земјотрес во Флорина, почуствуван во Битола и околината

news
Advertisement

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 14.12.2022 година регистрираше земјотрес 124 km југозападно од Скопје во Република Грција. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 10 часот и 29 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.2 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.