Ретко ја гледаме во јавноста, но кога ќе се појави, знае како да издоминира – длабоко деколте и изглед за чиста 10-ка

news
Advertisement

Скарлет Јохансон неодамна присуствувала на доделувањето на наградите „Golden Heart“ во Њујорк.

Advertisement

Актерката била одликувана со „Golden Heart“ награда за свој паричен придонес во истражувачките центри за AIDS и канцер. И нејзиниот колега, актерот Бен Плат, исто така добил признание за свое ангажирање околу овој глобален проблем.

Што се однесува до модната комбинација, Јохансон за таа прилика носела црн, деколтиран фустан и салонки во иста боја. Целокупното издание го надополнила со темна шминка која ги истакнала сините очи на актерката.

Судејќи по коментарите на социјалните мрежи, особено на Твитер, многубројни фанови биле воодушевени од овој изглед на 38-годишната убавица.

Некои од нив дури ја искористиле и можноста да се пошегуваат на сметка на Скарлет Јохансон затоа што ретко кога таа присуствува на големи настани.

„Скарлет Јохансон излегува од пештера за еднаш во четири месеци да издоминира и – никогаш не греши“, коментирал некој корисник.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *