Родилката која скокна од првиот кат на Гинекологија е во многу тешка состојба, била лесно вознемирена и не сакала да го дои бебето

news
Advertisement

Родилката која скокна од првиот кат на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, во текот на вчерашниот ден е во многу критична состојба, информираше директорката на клиниката, Викторија Јовановска.
На прашањето дали има шанси прозорите на Гинекологија да бидат затворени, директорката појасни дека во светот кај една од десет родилки се случува психичко пореметување, но родилките не се затвореници да се чуваат изолирани.

Advertisement

-Непосредно пред прес-конференцијата зборував со директорката на КАРИЛ, ме инфомираше дека за жал, пациентката е во многу критична состојба. Пациентката немала некои посебни психички проблеми, освен што била лесно вознемирена и не сакала да го дои бебето, што не е првпат. Разговаравме со директорот на психијатрија, да може да доаѓа психијатар кај родилките, но сепак, тоа се уште е табу тема и не знам како ќе го прифатат тоа. Јас мислам дека на сите нас ни треба психијатар, во современото живеење, изјави Јовановска.

На 39-годишната родилка ова и е прво дете, а како што соопшти директорката, семејството не сака да се изнесуваат податоци за нејзината здравствена состојба.

На 30 јуни, пациентката се пожалила на вознемиреност и извршен е разговор со клинички психолог и следена е согласно дадените препораки. Следниот ден пациентката била без особени тегоби и е со уреден гинекошко-акушерски статус, а на 2 јули на утринската визита се пожалила на слична симптоматологија како и на 30 јуни, при што дежурните лекари извршиле разговор со неа, ординирана е соодветна терапија и донесена е одлука, за подобра проценка на состојбата пред испис да се повика психијатар.

Во понатамошниот тек од вчерашното дежурство продолжени се дневните активности и работни обврски на дежурната екипа, без дополнителни влошување на состојбата на родилката. Ноќта околу 21:30 часот пациентката од болничката соба се упатила кон ходникот на одделот за Пуерпериум и преку прозорецот во ходникот направила обид за суицид, фрлајќи се од првиот кат, се наведува во соопштението од ГАК.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.