Родители бараат ранливите деца да продолжат да учат онлајн

news
Advertisement

„Бараме да имаме опција онлајн настава со цел да се заштити здравјето на децата и членовите на потесното семејство. Барање за онлајн настава е испратено до сите надлежни институции, како Министерство за образование и наука, Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и оттаму има само молк“, велат од групата „Поддршка за онлајн настава“, откаде бараат опцијата за следење настава преку интернет да им биде и понатаму достапна на учениците кои боледуваат од хронични болести. Министерството за образование и наука вчера информираше дека оваа учебна година наставата ќе се следи со физичко присуство во училиштата и дека засега нема можност за одржување онлајн настава. Oд „Поддршка за онлајн настава“ велат дека оваа маргинализирана група „не е многубројна и нема да има никаков негативен импакт во однос на образовниот процес и социјализацијата на останатите деца, туку само заштита на животот и здравјето на овие деца и родители кои и онака боледуваат од одредени болести“.
„Физички престој во училиште без маски, и каква било физичка дистанца во преполни училници, е средина која гарантира сигурно заразување кај овие деца, а преку нив и на семејствата, без разлика што овој сој на Ковид е полесен, тој за хронично болните деца и родители може да биде фатален за веќе нарушеното здравје кое го имаат и да не заборавиме дека пандемијата прогласена од Светската здравствена организација е сѐ уште на сила, ковидот постои и состојбата не е под контрола. Да не дозволиме да изгубиме некој наш драг пријател, роднина или не дај боже дете и затоа не треба да постојат импровизации и компромиси кога во прашање е здравјето на оваа ранлива група“, се додава во соопштението од групата.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.