Русија го додаде шаховскиот велемајстор Гари Каспаров на листата на терористи и екстремисти

news
Advertisement

Русија го додаде шаховскиот велемајстор и политички активист, Гари Каспаров на листата на терористи и екстремисти, се наведува во веста на руската финансиска разузнувачка служба.

Advertisement

Повеќекратниот светски шампион во шах е долгогодишен противник на претседателот Владимир Путин и живее во САД речиси цела деценија. Во страв од правна постапка, Каспаров во 2013 година ја напушти Русија и од САД продолжи со осудите на руските власти и војната во Украина.

Каспаров во 2022 година беше означен како „странски агент“ од руските власти.

Каспаров е роден во 1963 година во Азербејџан и важи за еден од најдобрите шахисти во светот на сите времиња. Беше светски првак на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) од 1985 година до 1993 година, а до 2000 година беше и светски првак на Федерацијата на професионални шахисти што ја формира заедно со Најџел Шорт.

Според класичниот метод на ФИДЕ, Каспаров е еден од само тројцата шахисти со шест светски титули. Покрај него, тоа се и Емануел Ласкер (1894 – 1921 година) и Анатолиј Карпов (1993 – 1999 година).

© 2020 Т

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.