Русија започна воени вежби со Кина, Индија и други земји

news
Advertisement

Русија започна големи воени вежби на истокот на земјата, во кои учествуваат сили од Кина – што е приказ на сè поблиски одбранбени врски меѓу Москва и Пекинг во услови на тензии со Западот поради војната во Украина. Вежбата „Восток 2022“ се одржува на различни локации на Далечниот Исток на Русија и Јапонското Море и во неа учествуваат повеќе од 50.000 војници, над 5.000 единици вооружување, вклучувајќи 140 авиони и 60 воени бродови, соопшти руското Министерство за одбрана. Вежбата ќе заврши на 7 септември. Во вежбите учествуваат и војници од Индија, Лаос, Монголија, Никарагва, Сирија и неколку поранешни советски земји. Индија продолжува да ја нагласува својата неутралност во својот став за руската војна во Украина, велејќи дека одржува добри односи и со Западот и со Москва. Кина остро одби да ја критикува руската војна во Украина, обвинувајќи ги Соединетите држави и НАТО за провокација на Москва и ги осуди санкциите наметнати од Запад кон Москва. Русија, пак, силно ја поддржа Кина поради тензиите со Соединетите Држави кои уследија по неодамнешната посета на Тајван од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. Рускиот претседател Владимир Путин неодамна повлече паралели меѓу американската поддршка за Украина и патувањето на Пелоси на Тајван, обвинувајќи дека тие биле дел од наводните американски напори за поттикнување глобална нестабилност.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.