Русковска очекува отфрлање на кривичната пријава и победа на изборите за шеф на организиран криминал

news
Advertisement

Да се врати на почеток, обвинителката Вилма Русковска повторно би извршила претрес во Финансиската полиција предводена од Арафат Муареми. Тоа што денеска во Обвинителството даде исказ како осомничена по негова кривична пријава, паралелно се води и дисциплинска постапка и е суспендирана, смета дека е притисок. Заканите и притисоците не ги пријавила, но вели не ѝ било пријатно ни кога ѝ вршеле притисок по телефон ниту вака преку истраги и суспензии.

Advertisement

По Русковска, исказ треба да дадат и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. Русковска откри дека во предметот е вклучена уште една, четврта, обвинителка. Делата за кои се води истрагата се злоупотреба на службена положба и фалсификување на исправа.

Паралелно со овие битки, Русковска отоври нова, а тоа е гласањето на 7 ноември за шеф на обвинителството за организиран криминал. Иако целеше кон Вишото обвинителство, вчера поднела и пријава за нов мандат како шеф на организиран криминал

Огласот за шеф на ова обвинителство истекува утре, но за конечна бројка на пријавени кандидати ќе се знае во вторник, кога се чекаат и пријавите поднесени по пошта. Телма дознава од извори во Советот на јавни обивнители дека до сега има петмина пријавени обивнители. Освен Русковска, се кандидирала и нејзината колешка од организиран, Енгелуше Кадриу Леши, обвинителот од Скопско обивнителство, Ермон Незири, шефот на вишото обвинителство во Гостивар, Ислам Абази и вишата јавна обвинителка од Гостивар, Деса Пауновска.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.